Столтенберг во ненајавена посета на Киев: Не го исполнивме ветеното, но оружјето ќе пристигне во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на денешната ненајавена посета на Украина изјави дека земјите-членки на Алијансата не ги исполнија ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека испораките на оружје и муниција сега се зголемуваат. 

-Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека во последните месеци сојузниците од НАТО не го исполнија она што го ветивме. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветија. Но сега сум уверен дека работите ќе се сменат, рече Столтенберг во возот со кој допатува во Киев.

Тој притоа кажа дека очекува и други „нови обврски“. 

-Тоа ќе ја направи разликата, како што недостатакот на оружје ја направи разликата, рече тој, алудирајќи на неуспесите на бојното поле на Украина, пренесуваат британските медиуми.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Генсекот на НАТО,  исто така, изјави дека „Русите платија висока цена за маргиналните територијални придобивки“ и оцени дека Украина сè уште може да ги „сврти работите“.

-Се уште не е доцна Украина да се надмине и затоа е многу итно сојузниците од НАТО да го направат тоа што го ветија и тие обврски да ги претвориме во вистинска испорака на оружје и муниција, рече тој. 

Столтенберг ќе се состане со претседателот Володимир Зеленски, а треба да се обрати и пред парламентот. Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

- Реклама -