Ако не ви е пријатна идејата за оставање на вашиот багаж тогаш овој елек би бил совршен за вас, бидејќи секогаш ќе остане на вас.
Stuffa Jacket е дело на Сандро Кафасо и е полн со еластични џебови во кои можете да ја чувате целата облека потребна за еден викенд. За време на тест во елекот биле собрани пар фармерки, лесен џемпер, куси пантолони, четири блузи со куси ракави, шест пара чорапи, четири пара долна облека и еден шал во 12-те џебови.
За некои снаодливи патувачи тоа е доволно за патување низ Европа. И како дополнителен бонус, сета таа облека ќе ја подобри термоизолационата способност на елекот кој чини 148 долари, со што тој станува добар за секое годишно време.