Subaru BRZ и Scion FR-S се најбрзо продаваните автомобили во САД

Купе моделите Subaru BRZ и Scion FR-S (американската верзија на Toyota GT 86) се најбрзо продаваните автомобили во САД. Тоа го покажува статистика на изданието Edmunds.com, што ја анализира продажбата од дилерите на трговските марки во мај. Декларираните резултати се врз основа на времето што го поминуваат автомобилите во салоните, пред да бидат продадени.

Според статистиката, Subaru BRZ (25.495 долари) се задржува кај дилерот до четири дена, а Scion (24.930 долари) пет дена. Ефектот е импресивен, имајќи предвид дека просечниот престој на еден автомобил во продажните салони во САД е 53 дена.

Во првите пет по популарност кај американските купувачи, се наоѓаат уште Audi TT RS (7 дена), Acura ILX (8 дена) и Toyota Prius C (10 дена). Последното место во топ 20 го зазема кросоверот BMW X3, кој се задржува кај дилерите во просек 19 дена.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -