Судејќи само по лицето, можете да процените кое од бебињава е женско?

Да се погоди полот на бебе само со гледање во неговото лице може да биде тешка задача. Научниците велат дека возрасните, па дури и неонаталозите и педијатрите, точно го проценуваат полот само во 60% од случаите.

Вие што викате? Сакате да се пробате?

БОНУС: Ова е всушност и еден вид на психолошки тест. Вашиот одговор открива и пар нешта за вашиот карактер, пишува Bright Side.

БЕБЕ 1

Ако го избравте бебето под број 1, вие сте разумна личност која верува во своите принципи и има тенденција да се однесува според постоечките правила. Анализирате, па после носите одлука. Секогаш давате максимум да го најдете единственото правилно решение на проблемот, истовремено обидувајќи се да не ги повредите туѓите чувства.

Преферирате да избегнувате конфликти и често ги ставате туѓите интереси пред своите, иако некогаш тие не го заслужуваат вашето време и напор. Секогаш се трудите своите опоненти/противници да ги сметате за еднакви на себе, и секогаш посегнувате по мудроста кога треба да донесете одлука.

Редно време е да престанете толку да се грижите за другите, и да се фокусирате на себе и тоа што се случува во вашиот живот. Не ја одложувајте среќата, бидете среќни денес.

БЕБЕ 2

 

Го избравте бебето под 2? Честитки. Избравте девојче. Освен тоа, вие сте креативен мислител. Полни сте со иновативни идеи кои секогаш ви помагаат да создавате извонредни нешта и да посегнувате по маестрални решенија. Сакате да сте активни и сакате предизвици. Никогаш не пропуштате шанса да научите нешто ново. Не се плашите од промени бидејќи верувате дека сé се случува „за арно“.

Живеете секој ден ко да ви е последен, но изгледа дека живеете во свој меур – многу луѓе сакаат да ви пријдат, но никогаш не ги пуштате близу.

Научете како да се справувате со разочарувања. Да, секогаш ќе има луѓе што сакаат да се покрај вас од себични причини, но не треба да ги игнорирате тие што навистина сакаат да ве запознаат подобро. Само дајте им шанса. Наскоро ќе разберете дали тоа конкретно лице ви е потребно во животот или не.

Прочитајте и:  Турција: Криминална група и медицински лица обвинети за усмртување на бебиња за пари, обвинителот бара над 500 години затвор

БЕБЕ 3

Ако сметате дека бебето под број 3 е женското, вие сте веројатно многу друштвена личност. Вашата харизма ви помага да се сложувате со сите, но вистинското богатство за вас е времето што го поминувате со пријателите.

Луди сте по авантури и адреналинот што го носат. Некогаш дејствувате импулсивно, но тоа е зашто верувате дека најголем ризик и непреземањето на никаков ризик.

Иако тоа може да е точно, и нашите животи се полни со ризици, следниот пат помислете и на последиците. Запомнете дека сте опкружени со многу прекрасни луѓе и некои од нив не само што ве ценат, туку ве сакаат со цело срце. Затоа, следен пат кога ќе носите импулсивна одлука, запомнете дека таквата може да повреди некој што навистина се грижи за вас.

БЕБЕ 4

 

Ако го избравте бебето под број 4, тоа зборува многу за вашиот карактер. Иако имате големо срце, имате и големо его. Мислите дека секогаш сте во право за сé, и дека постои или вашиот (правиот) или погрешен начин на правење на нештата.

Силни сте и лесно се адаптирате на нови околности околу вас, затоа често ја играте водечката улога. Доброто е што сте полни со креативни и иновативни идеи, но запомнете дека кога сте во улога на лидер треба да ги земете во предвид и туѓите мислења во предвид. Можеби вашето не е секогаш најдоброто.

Ако сакате да ги задржите квалитетните луѓе во својот живот, треба да научите да бидете добар слушател. Луѓето околу вас исто така сакаат да бидат ценети и сметани за потребни. Плус, тоа ќе ве направи многу подобар лидер.

 

- Реклама -