Судир на ауди со германски таблици и нерегистриран мотор на патот Гостивар-Градец

МВР информира дека вчера (27 јули) во 10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – Градец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Л.А.(32) од Градец и мотоцикл без регистраски ознаки, управуван од Д.С.(25) од Боговиње, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Клиничка болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. .

Извор