Судот донесе пресуда: Стојанче Јовановски прогласен за виновен, доби казна од 12 години затвор.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше соопштена пресудата за Стојанче Јовановски, кој се соочи со обвиненија за три кривични дела: телесни повреди, загрозување на сигурноста, и помагање во самоубиство. Овие дела се поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга, Ивана Јовановска, и нивната шестгодишна ќерка, Катја. Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор. Судскиот процес започна кон крајот на март, а за време на постапката беа презентирани аудио и видео материјали, кои обвинителството тврди дека документираат случаи на физичко и психичко насилство.

Прочитајте и:  Јавен повик – Награда „Ладислав Баришиќ“ за современо критичко пишување од АИКА Македонија – 2026 година.