На ситно се одбројува до премиерата на „Sugar“, новото музичко остварување на македонската сцена, а зад кое се потпишуваат Слаткаристика, 2Бона и Тони Зен.
По објавата на информацијата на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите и реакциите на фановите од сите генерации.
Многу детали не се познати, но едно е сигурно дека е одлично загревање за претстојните концерти на Слаткар. Првиот е закажан за на 16ти, а вториот вече на 22ри март.
Инаку концертите се по повод 15 години од легендарниот албум СЛАТКАРИСТИКА БУДАЛО!