Манастирот Сумела кој се наоѓа во Трабзон, Турција е врежан во планината Мела. 1600 години стариот манастир се чини дека е ултимативно духовно повлекување.
Иако изгледа недостапно, посетителите лесно можат да стигнат до него, преку специфичен пат низ шумата. Христијанскиот православен манастир има и грчко и турско влијание во архитектурата и дизајнот- и е посветен на Богородица.
Камената Црква, капелите, студентските соби, библиотеката, светиот извор, кујната и куќата за гости се отворени за туристите да ги посетат и видат. Повеќето од разнобојните фрески се од 14-тиот и 18-тиот век, и се многу добро сочувани. Покрај импресивната архитектура, верска и историска важност, панорамскиот поглед кон долината Алтндере е восхитувачки.
Може да се посети низ целата година, а дел од неговата убавина ви ја претставуваме во фотографиите подолу.
Може ова да е следна ваша дестинација за престојното лето.