Сунак: Британија ќе ја поддржува Украина до одлучувачката победа на бојното поле

Британскиот премиер Риши Сунак во обраќање во Парламентот на Велика Британија нагласи дека ќе продолжи „да ја поддржува Украина за да обезбеди одлучувачка воена победа на бојното поле оваа година“.

„Агресијата на рускиот претседател Владимир Путин на ниту еден начин не може да се протолкува како успешна и затоа ја забрзавме и ја зголемивме нашата воена поддршка за Украина, рече Сунак.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Велика Британија. Предвидено е британскиот крал Чарлс Трети да го прими на аудиенција, а покрај средбата со премиерот Сунак, Зеленски треба да се обрати и во британскиот парламент и да се сретне со украинските војници кои моментално се на обука во Велика Британија.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

- Реклама -