Со повеќето автомобили можете да тргнете веднаш откако ќе го стартувате моторот. Но за да го возите новиот модел на Пагани, Huayra, би требало да ја проверите и положбата на крилцата пред тргнувањето.
Иако Huayra површно изгледа како добро познатата Зонда, новиот автомобил го подига познатото Пагани лудило на ново ниво. Шест литарскиот V-12 од AMG-Mercedes има два турбополначи, со што создава околу 700 коњски сили. Оваа моќност овозможува забрзување од 0-100 километри на час за околу 3,5 секунди, и максимална брзина од преку 370 километри на час. Можеби Пагани сè уште нема конкурент за Вејрон Супер Спорт, но споредено со него овој автомобил е евтин.
{youtube}SqWKWJ7jiCw{/youtube}
Но, брзината не е она што го прави Huayra уникатен автомобил, таа чест му припаѓа на системот за активна аеродинамика. Четири подвижни крилца, две напред и две назад, автоматски се подесуваат во возење од компјутер кој ја анализира брзината, забрзувањето, навалувањето, кочењето и положбата на педалата за гас. Системот исто така ги подесува и предните амортизери, додавајќи притисок за да го спречи спуштањето на предниот спојлер при кочење.