Суперкупот на УЕФА би можел да се претвори во турнир со четири екипи.

Форматот на Суперкупот на УЕФА би можел да претрпи промени веќе следната сезона.

Според извори од „Телеграф“, во тек се дискусии за идејата четири екипи да учествуваат на турнирот наместо досегашните две. Овоа би значело дека Суперкупот ќе се состои од полуфинални и финални натпревари.

За сега, нема конкретни информации за критериумите според кои ќе бидат избрани дополнителните два учесника.

Суперкупот на УЕФА е одржан првпат во 1972 година, а во него учествуваат победниците на Лигата на шампионите и Лигата на Европа од претходната сезона.

Во последниот натпревар, ПСЖ излезе како победник против Тотенхем (2:2, 4:3 на пенали) и се закити со трофејот за 2025 година.