Суровата вистина за чипсот

Кога секој ден би јаделе кесичка чипс, за година дена во организмот би внесле пет литри зејтин, велат резултатите од најновото истражување. Освен зејтин, конзумирате и огромни количини на масти, шеќер и сол.

За многумина чипсот е омилен додаток при гледањето телевизија, фудбал или филм, или пак при пиењето пиво. За некои е дури и замена место оброк на работното место. Меѓутoа експертите предупредуваат дека во самиот чипс се наоѓаат состојки кои предизвикуваат зависност.

„Кога јадете чипс, во устата чувствувате вкус на сол, а тој ефект во индустријата се нарекува „експлозија од вкус“. Чипсот исто така содржи доста масти што даваат, како што индустријата тоа го нарекува – чувство на полна уста.“

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

pile-of-chips-cc90d7e1d517f8507a2620c5dc29e8cee4007379-s6-c10

Во комбинација со солта и маснотиите доаѓа и шеќер кој се наоѓа во компировиот скроб. Тој е добитна комбинација од трите вкусови кои нашиот мозок ги обожава, а е потенцијално опасен за нашето здравје.

Кога прекумерно се конзумираат, се зголемува ризикот од дебелеење, хипертензија, дијабетис итн…

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на премногу чипс за време на бременоста може дури и да биде подеднакво опасно како пушењето цигари.

Причина за тоа е токсичната хемикалија која се наоѓа во чипсот а која се вика акриламид, која е невидлива, безвкусна и нема мирис, но е поврзана со оштетувањето на DNK.

- Реклама -