Мајката на починатиот сопруг на Гога Секулиќ, Зорица Терзин, на која судот и наложи да и ги врати клучевите на пејачката од станот во Сараевска, порача дека тоа е нејзина сопственост и дека не може да живее со снаата под ист покрив.
Гога живеела во станот со Игор пред неговата смрт. Потоа дошло до недоразбирање со свекрвата, целиот случај завршил на суд, а Зорица откри дека пејачката ја тепала, пишува српскиот весник Blic.
„Станот е мој и никој не може да ме исфрли од него. Свесна сум дека ќе биде тешко да се живее со Гога. Не можам јас со неа. Ги плаќам судските трошоци и сите сметки од станот. Многу ми тешко да изнесувам вакви работи во јавност по смртта на син ми, но адвокатот ме советуваше дека мора да се слушне и мојата страна од приказната“, рекла Зорица за Blic.
Судот донесе одлука Гога повторно да ги добие клучевите од станот, но Зорица одбива да го стори тоа. Таа ја заменила бравата на вратата пред два ипол месеци.
„Процесот е тежок и може да биде долг, но е јасен. Законот е на страната на вдовицата и се додека не се заврши расправата за наследството, таа има право да живее во станот на покојниот сопруг“, рекол извор близок до пејачката.