Соновите се можеби најмистериозните и интересни работи, кои можат да ни се случат.Сигурно многупати сте стоеле седнати во кревет и сте се запрашале како е можно овој сон да е толку вистински, а емоциите од него толку силни.
Погледнете 15 инетересни факти за соништата …
1. Забораваме 90% од она што го сонуваме
Една прошетка од 5 минути е доволна да заборавите половина од сонот, а по 10 мин ќе заборавите над 90% од она што сте сонувале.
2. Слепите луѓе сонуваат
Луѓето кои го изгубиле видот после раѓањето можат да гледаат слики во своите сонови.
За разлика од нив, оние кои се слепи од раѓање не гледаат ништо, но и тие искусуваат најразлични емоции додека спијат, кои се поврзани со останатите чувства како тоа за звук, мирис или допир.
3. Сите сонуваме
Секое човечко суштество сонува, освен кога се работи за лице со некоја тешка ментална болест.
Ако мислите дека сте од оние кои никогаш не сонуваат, добро е да знаете дека тоа воопшто не е така. Вие едноставно не ги помните сонови.
4. Во соништата гледаме само лица кои веќе ни се познаници
Нашата свест не може самата да си изгради нови лица, но за сметка на тоа „се сеќава” многу повеќе од она што си замислуваме . Кога спиеме дел од „заборавените” слики пловат низ нашиот ум.
Во својот живот ние се соочуваме со илјадници лица, а дел од нив сретнуваме повторно, иако на сон.
5. Соништата на некои луѓе се црно-бели
Околу 12% од луѓето сонуваат исклучиво во црно-бела варијанта, или поинаку кажано слепило на спиење!
Истражувањата спроведени во периодот 1915-1950. докажуваат дека голем дел од нашите соништа всушност се лишени од бои. Последователно, со напредокот на технологијата, станува јасно дека едвај 4,45 од соништата се во црно и бело.
Според последните анкети, промената на бојата во соништата може да се должи на промената во боите, со кои работат телевизорите и другите технолошки гаџети.
6.Соништата се исполнети со симболи
Ако сонувате некој одреден предмет, тогаш тоа не значи дека сонот е токму за него. Сонот се одвива на симболично ниво.
7. Емоциите …
Најфреквентната емоција која ја доживуваме додека спиеме е лутината. Негативните емоции се вообичаени на спиење.
8. Сонуваме од 4 до 7 различни нешта на спиење
Просечно сонуваме помеѓу еден и два часа секоја ноќ…Време во кое имаме можност да создадеме доста различни приказни.
9. И животните сонуваат
Студиите покажуваат дека сонот е карактеристичен и за голем дел од претставниците на животинскиот свет. При истражување на различни животни се утврдило дека кај нив се забележани исти мозочни бранови за време на спиењето како кај човекот.
10. Парализа на телото
REM е фазата за време на спиење која се карактеризира со брзи движења на очите, а образува околу 20-25% од спиењето.
Во периодот на REM нашето тело е парализирано, а целта е брзите движења и највисоката мозочна активност да не се изразат во физички движења, кои би можеле да бидат прилично опасни за нас.
Природно оваа парализа исчезнува при поставувањето на мозокот во „свесна” состојба.