Северноамериканската поделба на Honda објави дел од премиерите, кои ќе бидат презентирани за време на автомобилскиот салон во Лос Анџелес.
Главните два акценти на штандот на Honda на салонот ќе биде светската премиера на целосно новата генерација Civic Coupe и северноамериканските деби на новата генерација на водороден модел Clarity.
Иако од Honda не понудија фотографии на новиот Civic Coupe, од компанијата коментираат дека тој ќе се најде во рацете на корисниците во следните 18 месеци. Автомобилот е изработен на иста платформа, на која и верзијата седан на десетата генерација на хит за брендот модел, кој од своја страна ќе биде лансиран на пазарот на 12-ти ноември.
Од Honda велат дека новиот Civic Coupe ќе предложи значителни спортски перформанси, со високотехнолошки ентериер и возбудливи опции во однос на погонските агрегати, вклучувајќи и првиот турбомотор за Civic во САД.