Свеж поп звук

mikachu_mp3.jpg Микачу е уметничкото име на Mica Levi, 21 годишна девојка која покрај компонирањето за Лондонската филхармонија успеа да го раздвижи светот на поп музиката со нејзиниот експериментален рок бенд Micachu and the Shapes. Бјорк веќе е нивна обожавателка, а со еден клик може да и` се придружите – погледнете две видеа и симнете си го нивниот албум.


Микачу
е уметничкото име на Mica Levi, 21 годишна девојка која покрај
компонирањето за Лондонската филхармонија успеа да го раздвижи светот
на поп музиката со нејзиниот експериментален рок бенд Micachu and the
Shapes. Бјорк веќе е нивна обожавателка, а со еден клик може да и` се
придружите – погледнете две видеа и симнете си го нивниот албум.

{youtube}UoEA_xYaLBw{/youtube}

Ако се прашувате, името Микачу едноставно доаѓа од Mica и Пукачу од Покемон, а самата пејачка своата музика ја опишува како чист поп – „Куси песни со строфи и рефрен.“ А за оние кои бараат поинаква дефиниција Mica ја смисли: „nosebleed experimental anti-folk monkey-brain“.

{youtube}dfzB-B1xh40{/youtube}

Нивниот прв официјален албум ќе излезе во април, но овде може бесплатно да го симнете Filthy Friends – 33 песни спакувани во 58 минути. Половина се на Micachu, а половина на пријателите од лондонската сцена. Ако спојката на сирова електроника, британски хип хоп, интересни вокали и мазна поп мелодија ви звучи интересно, даунлоудирајте и уживајте!

- Реклама -