СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот, потсетуваат британските медиуми.

Ваквиот статус, оценуваат од организацијата, помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба, пак, е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, оценува СЗО, но потсетува дека коронавирусот сè уште е присутен, иако тоа веќе не претставува вонредна состојба.

Според официјалните податоци, над 6.9 милиони лица починаа од последиците на коронавирусот.

Извор: МИА

- Реклама -