Таблетите екстази ја уништуваат меморијата

Користењето на 10 таблетки екстази годишно е поврзано со брзо и краткорочно губење на меморијата.

Луѓето кои ја користат оваа клубска дрога (MDMA) можат да развијат проблеми со меморијата. Во студијата, луѓето кои користеле екстази таблетки, уште во првата година имале проблеми со краткорочната меморија.

Истражувачите велат дека проблемите со меморијата не мора да се забележат веднаш. Уживателите на екстази не го забележуваат проблемот до моментот додека не настане трајно оштетување во делот од мозокот кој е поврзан со меморијата, односно хипокампусот.

Лекарите ја изразуваат својата загриженост за корисниците на оваа дрога бидејќи и рекреативната употреба на екстази за краток период може да предизвика здравствени проблеми.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Објавено во соработка со За Здрвје.

- Реклама -