Четири тајни на фаталните заводнички

Научно е докажано дека мажите генерално повеќе ги сакаат жените во црвено, независно од тоа дали се црнокоси, русокоси или бринети. Еве ги тајните на најфаталните заводнички.

Црвенате е боја на љубовта

Ако сакате да станете фатална заводничка носете облека во црвена боја. Жените во црвено се неспоредливо посекси од подеднакво атрактивните жени што носат парчиња во бела, зелена, сина или сива боја. Шансите дека мажот ќе ве повика на втор состанок се зголемуваат за 56 отсто, ако на првиот се појавите облечени во црвена боја.

Внимавајте на држењето

Важно е облеката да ја носите со стил, затоа внимавајте на држењето на телото, кое за да биде секси мора да биде опуштено, но и исправено. Репери нека ви бидат танчарките и спортистките, а важно е да воспоставите рамнотежа меѓу колковите и рамената, кои не смее да бидат ниту спуштени, ниту искривени.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати

Умерено со парфемот

Кога нансеувате парфем, бидете умерени и ставете само неколку капки. Трикот е во тоа мажот да мора да ви се доближи за да го почувствува вашиот мирис, а со тоа од самиот почеток на вечерта станувате многу заводливи. Парфемот нанесете го на стратешките точки, зад ушите, на деколтето и на дланките, а ако употребувате тоалетна вода, најпрво направете мирисен облак пред себе, а потоа поминете низ него.

Истакнете ги очите и усните

Мажите многу повеќе ги привлекуваат убаво нашминкани жени, а како вистински магнет делува контрастот меѓу темно нашминканите очи или усни и светлиот тен.

- Реклама -