Тајванската одбрана стрелала со предупредувачки истрели врз кинеско беспилотно летало

Тајпеј, 30 август 2022 (МИА) – Тајванската противвоздушна одбрана денеска испукала предупредувачки истрели кон кинеско беспилотно летало што го прелетувало островот. Претходно претседателката на Тајван Цаи Инг-вен соопшти дека издала наредба до армијата да преземе „решителни контрамерки“ против она што таа го смета за кинеска провокација.

По реакцијата на тајванската одбрана, дронот се вратил кон Кина.

Тајванските власти претходно јавуваа дека кинески беспилотни летала постојано во мали групи летаат во близина на кинеското крајбрежје. За време на неодамнешните воени маневри, дронови на кинеската армија извршиле прелети над островите Кинмен што припаѓаат на Тајван.

Кинеското Министерство за надворешни работи вчера ги отфрли поплаките на Тајпеј за прелетите на беспилотните летала, нарекувајќи го тоа како „нешто за што не треба да се прави врева“.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Островите Кинмен во најблискиот дел се оддалечени само неколку стотици метри од кинеското копно.

- Реклама -