„Така изгледаат Македонките“ бил коментарот на сопственичката на лиценцата за изборот на Мис Универзум Австралија, по острите реакции на австралиската јавност заради појавувањето на овој натпревар на натпреварувачката со македонско потекло, Стефани Наумоска. Таа изгледа…. страшно!
„Така изгледаат Македонките“ бил коментарот на сопственичката на
лиценцата за изборот на Мис Универзум Австралија, по острите реакции на
австралиската јавност заради појавувањето на овој натпревар на
натпреварувачката со македонско потекло, Стефани Наумоска. Таа
изгледа…. страшно!
На изборот за Мис Универзум Австралија победи Рејчел Финч, но не предизвика ни одблиску толку внимание како настапот на истиот избор на натпреварувачката со македонско потекло – Стефани Наумоска. Таа е висока 180 сантиметри, а тежи импозантни 49 килограми. Според BMI (Body Mass Index) на светската здравствена организација, долната граница на едно здраво тело има индекс 18,5. Кај Стефани, тој индекс е 15,1.
По острите реакции од австралиската јавност, сопственичката на лиценцата за изборот, Дебора Милер изјавила: „Таа е девојка со македонско потекло и доколку некогаш сте биле таму, ќе знаете дека тоа е македонски тип на тело. Тоа е едноставно нивен тип на тело и таа нема никакво пореметување во исхраната“.
Дебора мора да мислела на некоја друга Македонија, далеку оттука, зашто ние, за среќа, немаме девојки кои личат како некој набрзина да истапацирал костур, колку да може да го пријави на избор за убавина.