Тамара Еклстон на насловната на „Playboy“

Бидејќи е една од најпознатите наследнички во Велика Британија, логично е Тамара Еклстон да може да си дозволи да се прекрие со дијаманти за насловната на „Playboy“.

Ќерката на Барни Еклстон се соблече за мајското издание на славното списание на Хју Хефнер. „Playboy“ неодамна ја објави и првата фотографија од снимањето а сега е откриена и насловната страница

28-годишната бринета освен на насловната страница ќе се најде во едиторијалот на 8 страни. Списанието ќе се појави во киосците во петок (19 април).

- Реклама -