Tаравари: АА се оградува од Владата во врска со Отворен Балкан, без Албанија овој механизам е бесмислен и нелегитимен

„Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Северна Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан“, соопшти лидерот на Алијанса за Албанците – Арбен Таравари, откако, како што велат од партијата, Албанија ја напушти иницијативата.

Со излегувањето на Албанија од Отворен Балкан, овој механизам стана бесмислен и нелегитимен, оцени Таравари.

„Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана“, порачуваат Таравари и АА.

Прочитајте и:  Таравари: Албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот и мора да се врати на она што беше пред 1991 година
- Реклама -