Таравари: И да има избори Ахмети пак ќе бара нови, подобро да се фокусира на реформи и адаптација во опозиција

Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.

На новинарско прашање околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

-Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет – шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат, подвлече Таравари.

Прочитајте и:  Воздухот е загаден зашто оваа влада не презема ефективни мерки, тоа ја прави нелегитимна - велат од ДУИ
- Реклама -