Таравари: Ни треба окрупнување, оваа коалиција да прерасне во хомогена структура што ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно

Добро е да имаме еден силен стабилен политички субјект кај Албанците кој ќе ги претставува достојно и долгорочно, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши за идејата коалицијата „Вреди“ да се обедини во една политичка партија. Гаши, кој е поранешен лидер и основач на Алтернатива, не кажа конкретно кога би се случило ова обединување.

– Мислам дека треба оваа коалиција да прерасне во хомогена структура и ќе ги претставува Албанците достојно и подолгорочно и мислам дека граѓаните треба да имаат и да гледаат стабилност во една политичка структура. Друго е кога е коалиција, друго е кога е политички субјект. Битно е дека во овој процес сега после изборите се работи на хомогенизирање на структурите, рече Гаши.

Идејата, според него, било тоа да биде постепено и природно да тече. – Да не биде тоа административно и да не биде насилно. Ќе гледаме тоа да биде преку заеднички комисии, заеднички тела, претседателство…, рече Гаши.

Минатата недела и лидерот на Демократското движење Изет Меџити потврди дека се работи на оваа идеја без да конкретизира кога би можело да дојде до конечно нејзино реализирање. 

- Реклама -