Машините за пишување, попопуларни и како машини за куцање, се меѓу заборавените предмети кои своевремено биле еден од најпрактичните изуми, слично како и касетофоните, видеорекордерите, дискетите и многу други технолошки пронајдоци.Оние кои имале прилика да работат на овие уреди, сигурно со носталгија се сеќаваат на гласните звуци, концентрацијата да не се погреши, и она чувство на нешто корисно што одамна заминало во историјата.
Но, оваа меморија не мора повеќе да претставува само копнеж кон нешто што изминало, бидејќи сега можете да си купите тастатура во облик на машина за куцање, која ќе ја поврзете со вашиот компјутер или таблет преку USB.
Оваа старо-модерна алатка наречена „Qwerkywriter“ е креацијана Брајан Мин, кој успешно ја лансираше со помош на kickstarter crowdfunding-кампања.
„Qwerkywriter“ тастатурата е одличен додаток во вашиот дом доколку сакате да се чувствувате како писателите од минатото.