Татко на годината 2016

Рандом маж почнува да им дели бонбони на патниците на летот на Вирџин Америка од Бостон до Сан Франциско. Со бонбоните им подава и лист со порака. На листот пишува:

„Мојата тригодишна ќерка Моли беше разочарана што годинава нема да може да оди на trick-or-treat (она кога децата одат маскирани по врати и собираат слатки, на Ноќ на вештерките) заради овој лет, па решив да ѝ го донесам trick-or-treat во авионов. Ако сакате, кога мојата мала крофничка ќе помине до вашето седиште, ве молам ставете ги слаткиве во нејзината кошница. Ќе ѝ направите Ноќ на вештерките!“.

daughter-trick-or-treats-flight-5b[1]

Една од патничките признава дека пред да полета авионот, го наслушнала малото девојче зад неа како зборува дека не може да дочека да оди да собира слатки кога ќе стигнат во Сан Франциско: „Бев многу тажна за неа. Во Сан Франциско требаше да стигнеме на полноќ, и знаев дека ќе биде разочарана“.

Истата патничка раскажува дека потоа била максимално трогната и пресреќна кога го видела малото девојче облечено како крофна, како собира слатки меѓу седиштата. Вели дека и другите патници реагирале на истиот начин, и дека радо учествувале во незаборавниот Хелуин во чест на малата „крофна“.

daughter-trick-or-treats-flight-4a[1]

- Реклама -