Семејството на Мел Гибсон се зголемува. Причината е затоа што славниот глумец наводно го очекува своето деветто дете со својата млада девојка Росалинд Рос. Иако се шпекулираше дека врската меѓу нив е само авантура, изгледа дека сепак славниот актер има сериозни намери со 24 – годишната девојка.
Актерот наводно го очекува своето деветто дете. Роси пред месец оддеднаш престана да пие алкохол. Иако таа не признава дека е бремена, сепак тоа не го ни негира – изјавува нејзин пријател и додава : – Таа отсекогаш сакаше да биде млада мајка и да има три или четири деца.
Новопечениот пар се запознаа кога Росалинд се пријави во продуцентската куќа да работи како сценарист. Светските медиуми тврдат дека набрзо по запознавањето Мел ја одвел Росалинд на романтичен одмор во Костарика.
Гибсон има седум деца од претходниот брај со сопругата Робин.