Во склоп на Интернационалниот детски театарски фестивал Битолино, ќе се одржи театарска работилница ,,Приказни во движење” со познатиот пантомимичар и режисер по пантомима Војо Цветановски. Рокот за пријавување е до 2 август.
Војо Цветановски ипломира пантомима и режија за пантомима на „НАТФИЗ – Крсто Сарафов“, Софија, Р. Бугарија во 2003 година.
Во 2003 година создва работилници за обука на актери / улични артисти / пантомимичари низ кои минаа стотици ученици.
Во 2010 година работилницата која ја создаде во Скопје, под име „Театар од вториот кат“ беше во времетраење од една година и беше концентрирана на создавање на пантомимичари, улични артисти и улични живи статуи. На истата беа селектирани десетина кандидати со кои продолжи темелно да работи по факултетски систем.
Во март 2011 година го оформува Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“.
Од таа 2011 година па се до оваа 2024 година, заедно Тим Театрос К, секоја година селектиран е и настапува на следниве фестивали за уличен театар:
Cest is d Best – Загреб; Sprancirfest – Вараждин; KalelargArt – Задар; SAF – Пореч; CrikArt – Цриквеница; Pflstersktakel – Линц; StrasenKunst – Вилах; Fantastica – Фрајштад; Ana Destnica – Љубљана; Lent – Марибор; Masca – Букурешт; InArt – Тиват/Подгорица; ТротоАрт – Бања Лука, Prizrenfest – Призрен, а од 2022, 2023 и 2024 година Тим Театрос К е ко-соработник и задолжен за уличниот театар на театарските фестивали, „Меѓународен фестивал на монодрамата – Битола“ и „МТФ Војдан Чернодрниски – Прилеп“
Во 2018 година на фестивалот Зигет, кој се одржува во Будимпешта, Тим Театрос К, ја понесе првата награда (награда од публика) за најдобра продукција за улични живи статуи на светско ниво, со актот КОНТРАБАС.
Заедно со Тим театрос К настапи и на светското првенство за улични живи статуи во Арнем, Холандија, во октомври месец, 2019 година.
Во 2019 година е дел од тричлената жири комисија на фестивалот Зигет која имаше за задача да оценува која продукција за улични живи статуи ќе биде најдобра на светско ниво за тековната 2019г.
Од 2017 година па се до оваа 2024 година во Скопје, а и надвор од Скопје, низ Македонија заедно со Тим Театрос К го организира и креативно осмислува фестивалот на уличните живи статуи „Статуафест – Другото лице на улицата“, а во 2023 година, исто така во Скопје „се роди“ и помалиот брат на „Статуафест“ – „Центарски улици“ кој досега имаше две изданија, 2023 и 2024 година.
Војо Цветановски оваа 2024 година, поддржан од ГЕТЕ Институтот, a кон програмата „Културата ја движи Европа“/„Culture Moves Europe“ работеше осумдневна работилница за „Пантомима и Уличен театар“ во Бања Лука, БиХ (Република Српска), која резултираше со настап на учесниците од рабоитлницата на третото издание на Меѓународниот фестивал за улична уметност ТРОТОАРТ во Бања Лука.