Тесла го предвидел паметниот телефон

Никола Тесла, еден од најпознатите српски и светски пронаоѓачи на 20 век, познат по пронајдоците како што се полифазните системи, асинхроните мотори, превртеното магнетско поле, како и еден од начините за генерирање на високофреквентната струја, ги предвидел и телефоните што ги користиме денес.

tesla

Тесла говорел на 8 јазици, имал фотографска меморија и бил сопственик на 300 патенти. Неговото име го позајми компанија која произведува автомобили на струја, основана од Елон Маск, а често го цитира и основачот на Гуг, Лери Пејџ.

Но, изгледа дека Тесла го предвидел настанувањето на паметните телефони уште во далечната 1926 година,  во интервју за Џон Б. Кенеди.

Меѓу останатото, во интервјуто вели и дека по пат на телевизија ќе можеме да се гледаме и слушаме меѓусебно, без оглед на големата далечина и дека инструментите што ќе ги користиме за таа цел ќе бидат многу поедноставни од телефоните кои беа достапни во тоа време, како и тоа дека човекот ќе може овие инструменти да ги носи во џебот со себе било каде.

Прочитајте и:  20-80 правилото за полнење на батериите го продолжува нивниот век, но немојте да го користите

„Ќе бидеме во состојба да комуницираме едни со други веднаш, без оглед на оддалеченоста“.

Тесла бил познат по неговите футуристички коментари.

- Реклама -