Tesla Roadster со автономија од 644 километри

Спортскиот двосед на Tesla Motors, популарниот Roadster, во иднина ќе може да ја мине дестонацијата од Лос Анџелес до Сан Франциско, истакна Елон Маск. Тоа посебно ќе ги израдува сопствениците на голем број примероци на Tesla Roadster особено во овој дел на САД.

Маск неодамна најави дека до крајот на 2015 година ќе биде претставена подобрената верзија на Roadster, а на Twitter потврди дека едно од највредните дополнувања кај обновената верзија ќе биде зголемената автононија, која ќе изнесува 400 милји  (644 km). Во моментов Tesla Roadster литиум-јонската батерија има 6.831 ќелија, па со едно полнење може да мине 245 милји (394 km). Новата батерија ќе има поголем капацитет, нејзиното стандардно полнење ќе биде за 3,5 часа, ако се користи теслиниот полнач од 240 V и 70 A.

Наскоро ќе бидат презентирани сите детали околу новините на подобрениот Roadster, а како вели Маск треба да се очекуваат уште неколку пријатни изненадувања. Тоа се однесува на новите, но и на оние 2.500 клиенти кои во моментов се сопственици на оваа изведба.

- Реклама -