Во време кога тестовите за бременост сè почесто се употребуваат, доаѓа и до голем број забуни – како правилно се користат, колку се сигурни, како функционираат?
На кој начин функционира тестот за бременост?
Хормонот HCG e супстанцата која се мери со тестот за бременост. HCG (human chorionic gonadotrophin) e хормон кој се појавува уште во најраниот период од бременоста, започнува рапидно да се зголемува во 6-тата недела, а врвот го достигнува некаде од 9 до 12 недела.
Колку време после ризичниот сексуален однос можам да направам тест?
Тестот за бременост нема да ви даде релевантен резултат една недела по сексуалниот однос или ако менструалниот циклус ви касни само ден или два. Доколку тестот за бременост се покаже како негативен, а вие сепак се сомневате дека сте бремени или мислите дека сте имале ризичен сексуален однос во ризичен период од месецот, тогаш почекајте неколку дена и повторете го.
Тестот за бременост може да даде лажни резултат доколку го правите во период кога менструалниот циклус ви доцни два или три дена, но доколку го правите кога менструалниот циклус ви доцни повеќе од пет дена со сигурност ќе биде точен.
Важно е да знаете дека е тенка границата на нивото на хормонот кој тестот може да го забележи, а исто така и нивота на хормонот се различни во зависност од жената, па затоа бидете трпеливи и тестот направете го малку подоцна за сигурност на добиениот резултат.
Дали тестот за бременост може да даде погрешен резултат ако го имам купено порано и стои неупотребен?
Доколку е запазен начинот на чување, температурата и влажноста нема проблем. Но тестот може да покаже неточен резултат доколку му е поминат рокот на употреба!
Дали матната линија кај некои тестови може да покаже дека сте бремени?
Да, и матната линија е знак дека сте бремени, а се јавува како последица на ниското ниво на хормонот. Но без разлика, и тоа укажува на бременост.
Колку време е потребно за тестот да даде точен резултат?
Денеска се присутни на пазарот многу софистицирани тестови кои ветуваат точни резултати и во вториот ден по доцнењето на менструацијата. Важно е да знаете дека тестот за бременост функционира на начин што го детектира нивото на HCG. Така, за да добиете со сигурност точен резултат, потребно е да почекате две недели по ризичниот однос или една недела по доцнењето на менструацијата. Нивото на овој хормон драстично се зголемува од ден на ден по зачнувањето, како што пишавме погоре, затоа доколку малку почекате ќе бидете посигурни.
Објавено во соработка со За Здравје.