Тест: Дознајте дали сте претерано прибирливи при изборот на партнер?

Понекогаш потрагата по вистинскиот партнер знае да одземе време, но останува на вас да не се откажувате лесно, и да се обидете да откриете што се крие под нивната површина. Со цел да ви помогнеме побрзо да ја пронајдете вашата среќа,  ви го прикажуваме овој тест кој ќе ви покаже дали можеби проблемот е во вас:

1. Го откажува првиот состанот еден час пред да се најдете. Како реагирате?

а) Малку сте нерасположени, но му кажувате да се јави некој друг пат.

б) SMS: „Нема проблем“, и предолжувате да се најдете кога ќе се ослободи од обврските.

в) Го бришете од именикот во истиот момент.

 

2. Излегувате на втор состанок со момчето кое ви се допаѓа, но тој носи ужасно грда кошула која ви кажува дека ја облекол бидејќи му е поклон од неговата мајка. Мислите:

а) „Симпатично е што толку ја сака мајка му што се согласил на ваква жртва.“

б) „Ужас, но секој заслужува да му се опрости еден ваков моден кикс.“

в) „Мамин син без вкус. Повеќе сака да ја импресионира неа одошто мене. Чао.“

o-FIRST-DATE-facebook

3. Запознавате сладок и секси фраер кој е очигледно на ивица од банкрот. Ве поканува на состанок. Вие:

а) Се прашувате зошто е толку неамбициозен и неуспешен, но сте подготвени да му дадете шанса.

б) Сакате да дознаете што се крие во неговата внатрешност.

в) Не сте заинтересирани. Знаете дека „парите го вртат светот“, и не ви се ризикува.

 

4. Која е најчестата причина за вашите раскинувања?

а) Обично не раскинувате, освен доколку некој навистина не ве принуди на тоа.

б) Свесни сте дека сте премногу различни, или едноставно вашата заљубеност исчезнува.

в) Има глупава навика која не ви се допаѓа или пак премногу се поти за време на секс.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

 

5. Како би ја опишале вашата сродна душа?

а) Секој може да биде сродна душа. Кога сакате да успеат работите, ќе се потрудите за тоа.

б) Тоа е мажот кој има исти ставови, размислувања и вредности како вашите.

в) Некој кој секогаш ќе се труди да ве придобие и ќе се бори за вас без разлика на ситуацијата.

bad-first-date

РЕШЕНИЕ:

Најмногу одговори под „А“:

На состаноците гледате како на распродажба. Доколку понудата е лоша, во состојба сте да одберете и нешто што на вас воопшто не ви одговара. Нема нешто што може да ве спречи во намерата и погрешниот да го претворите во вистински. Толку сте фокусирани во намерата да го задржите, што ги игнорирате сите сигнали дека не е за вас. Имајте во предвид дека најчесто е подобро да сте сами, отколку во лоша врска.

Најмногу одговори под „Б“:

Секоја чест што им давате шанса и на момците кои на прв поглед воошто не изгледаат совршени. Свесни сте дека стилот, изгледот и финансиите можат да се променат со текот на времето, па затоа ви се најважни внатрешните квалитети и хемијата. Искрени сте кон себе и нема да се убедувате дека некое момче ви се допаѓа доколку тоа не е вистина. Исто така, не толерирате лошо однесување, и имате огромна самопочит.

Најмногу одговори под „В“:

Вашиот претерано критичен став ви го убива љубовниот живот. Со вашите превисоки критериуми досега сигурно сте одбиле многу момци кои имале доволно квалитети и потенцијал да постанат совршени партнери. Бидете поотворени и дадете му шанса на некој кој ве почитува и одговара на вашиот карактер, па дури и доколку не ги исполнува сите точки на вашата листа. Можете пријатно да се изненадите.

- Реклама -