Тест што го открива времето на смрт

Ако некогаш сте се запрашале дали ќе бидете живи за пет години, одговорот би можеле да го пронајдете наскоро со помош на сосема нов тест, што го развиваат научниците во Естонија и Финска.Наводно,  потребно е да дадете само примерок од крвта, па благодарение на тоа, на едноставен и брз начин ќе можете да откриете кои болести би можеле наскоро да ве убијат. Тимот од научници тврди дека тестот е ефикасен кај сите.

Истражувачите тестирале примероци од крвта, кај повеќе од 17.000 здрави луѓе, како и нивната реакција, со повеќе од 100 различни хемиски состојки. Потоа прашувале за здравствената состојба на сите испитаници, па после неколку години направиле споредување на резултатите на оние кои починале во тој период, со резултатите на оние кои преживеале.

На тој начин откриле четири биомаркери што ја прогнозираат веројатноста за нечија смрт, во текот на период од пет години.

Прочитајте и:  Дури 80 проценти од мозочните удари може да се спречат - невролог откри како

Иако тие биомаркери и порано им биле познати и се присутни во крвотокот на секој човек, досега само еден од нив е доведен во врска со лошото здравје.

Клучна е нивната  концентрација, на која не влијаат факторите како старост, дебелина, зависнот од алкохол или цигари, или пак, здравствеите проблеми како што се зголемен крвен притисок или холестерол.

„ Особено е интересно тоа што тие биомаркери укажуваат на ризик од многу различни типови на болести. Изгледа како да се сигнал на општата кревкост на организмот“, вели Џон Кетунен, еден од научниците што учествувал во истражувањето.

Тој најавува дополнителни истражувања, а сето тоа е со цел да се овозможи благовремено откривање на некои скриени болести, за  да се започне со медицински третман, со кој што животот на овие луѓе ќе биде спасен.

- Реклама -