Тестирајте ги вашите научни познавања, со помош на 10 прашања

Пред неколку години гуруа-нобеловци, професори и други кои се бават со наука, составија листа од 10 факти за да го тестираат нашето знаење. Обидете се да одговорите на нивните прашања и проверете го вашето познавање од науката.

1. Колкав процент од Земјата е покриен со вода?

2. Какви сигнали користи мозокот кога комуницира преку чувствата, мислите и движењата?

3. Дали диносаурите и луѓето некогаш живееле заедно во исто време?

4. Што вели теоријата на Дарвин за потеклото на видовите?

5. Зошто годината е составена од 365 дена, а денот од 24 часа?

6. Зошто е небото сино?

7. Што предизвикува виножито?

8. Зошто доаѓа до промена на годишните времиња?

9. Колку стари се најстарите фосили на Земјата?

10. Зошто ставаме сол на тротоарите кога врне снег?

Одговори:

1. Околу 71% од Земјината површина е покриена со вода.

2. Клетките на мозокот комуницираат преку електрични и хемиски сигнали.

3. Не. Диносаурите исчезнале при крајот на Креда периодот пред 65 милиони години. Човекот не се појавил се до пред 200,000 години.

4. Теоријата на Дарвин за потеклото на видовите вели дека природната селекција ги одбира организмите кои поседуваат различни и наследни особини и се најдобро опремени за нивната околина.

5. Една година, 365 дена, е времето потребно за Земјата да пропатува околу Сонцето. Еден ден, 24 часа, е времето кое и треба на Земјата еднаш да се заврти околу својата замислена оска.

6. Зраци од Сонцето се растураат низ атмосферата преку процес наречен дифузирана небесна радијација. Небото е плаво бидејќи премногу кратки бранови на радијација(плава светлина) се расфрлани низ него.

7. Виножитата можат да бидат видени кога постојат капки вода во воздухот и кога Сонцето сјае. Светлината, која ги содржи сите бои, е рефлектирана од капките вода под различни агли, поделувајќи ги своите различни бои на црвена, жолта, плава итн.

8. Годишните времиња се менуваат поради тоа што Земјата е поставена под агол од 23,5 степени. На одреден период од годината северната полутопка се наведнува кон Сонцето, добива повеќе светлина и настапува лето. Кога таа иста полутопка налегнува подалеку од Сонцето, добива помалку светлина и настапува зима.

9. Околу 3,8 милиони години; тоа се организми слични на денешните бактерии.

10. Со додавањето сол на снегот, се зголемува бројот на молекули на површината што отежнува водата да замрзне. Солта може да ги намали температурите на замрзнување на тротоарите за 5-10 степени.

- Реклама -