Постојат луѓе кои едноставно обожаваат да читаат приказни за мистериозни случувања, верувања или објекти. Доколку сте еден од нив, конечно имате можност да се тестирате до каде сте со познавањата на оваа тема.
Со среќа 🙂
1. Што значи НЛО?
а. непознат летечки објект
б. неименуван летечки објект
в. неидентификуван летечки објект
г. независен летечки објект
2. По што е познат Бермудскиот триаголник?
а. по мистериозни морски чудовишта
б. потонати бродови со духови
в. огромни бранови
г. по исчезнати бродови и авиони
3. Гратчето Росвел е прочуено по целиот свет. Со што?
а. со тврдењата дека таму слетале вонземјани
б. не е познато
в. со наоѓање на богатство на Викинзите, за време на нуклеарни проби
4. Кој познат сериски убиец никогаш не е фатен?
а. Чарлс Менсон
б. Тед Банди
в. Џек Мевосек
г. Андреј Чикатило
5. Око во пирамида е симбол на:
а. темплари
б. розенкројцери
в. масони
г. илуминатите
6. Кој го напишал романот „Франкенштајн” во 1818 година?
а. Брам Стокер
б. Мери Шели
в. Клајв Баркер
г. Ричард Бахман
7. Што предскажува прочуениот Нострадамус?
а. раѓањето на Христос
б. распадот на Римската империја
в. апокалипсата
г.раѓањето на Мухамед
8. Што содржи Кивотот?
а. Светиот грал
б. десетте заповеди
в. плаштаницата од Торино
г.Копијата на судбината
9. По што е познат култот вуду?
а. со мумифицирање на луѓе
б. со бестијалност
в. со претворање на луѓе во животни
г. со зомбирање на луѓе
10. Како се вика протерувањето на ѓаволот од католички свештеник?
а. егзорцизам
б. екзотизам
в. екзод
г. екзистенциализам
11. Во своите дела Едгар Алан По често раскажува за смртта на:
а. еден зајак
б. една убава жена
в. еден млад војник
г.една мачка
12. Кои “суштества” се шетаат често низ стари англиски замоци?
а. вампири
б. тролови
в. духови
г.орки
13. Од каде потекнува празникот Ноќта на вештерките?
а. Ирска
б. Норвешка
в. Шведска
г.САД 1
4. Кој антички автор прв ја опишува Атлантида?
а. Херодот
б. Платон
в. Цезар
г.Хомер
Сега можете да го проверите вашето знаење…
Одговори:
1-в, 2-г, 3-а, 4-в, 5-г, 6-б, 7-в, 8-б, 9-г, 10-а, 11-б, 12-в, 13-а, 14-б