Во четврток(01.08) во 22.30 часот во кино Милениум премиерно ќе се прикажува новиот филм на оскаровката Софија Копола, „The Bling Ring“.
„The Bling Ring“
Режија: Sofia Coppola
Улоги: Katie Chang, Israel Broussard, Emma Watson
Траење на филмот: ’90
Жанр: Драма, Акција
Инспириран од вистински настан, објавен како статија во престижниот магазин “Vanity Fair“, филмот не води во лажниот „селебрити“ свет на група млади луѓе, односно во „селебрити“ светот кој тие сакаат да го ограбат или приграбат. Бандата наречена Блинг Ринг, користејќи интернет како средство за полесно следење на познатите холивудски фаци, успева да „провали“ во нивните домови и да „чепне“ дел од нивното богатство, но и да доживее дел од нивната слава….
[youtube] http://youtu.be/Q4LzhgExvrc[/youtube]
Во четврток има уште една премиера, овој пат во терминот за европски филм. Во 13 часот ќе се прикажува„Ангелскиот дел“ филмот на фантастичниот британски режисер Кен Лоуч, кој првично беше прикажан на фестивалот Синедејс.
Режија: Ken Loach
Сценарио: Paul Laverty
Улоги: Paul Brannigan, John Henshaw, Gary Maitland
Земја на продукција: UK/France/Belgium/Italy
Времетраење: ‘101
Жанр: Комедија, драма
Едвај избегнувајќи го затворот, новопечениот татко Роби ветува дека ќе сврти нов лист во неговиот живот. Посета во една фабрика за правење виски го инспирира него и неговите пријатели да направат нешто со своите безнадежни животи, да избегаат од мизерното секојдневие во кое што живеат.
[youtube]http://youtu.be/NcQIvmR21VU[/youtube]
Двете премиери ќе се најдат на редовниот репертоар на кино Милениум, кое ќе работи и за време на празничните денови.