The Sims3 доаѓа

sims3_2.jpg За сите обожаватели на култната игра Тhe Sims повторно се враќа во нивните животи… или обратно. Како и да е, едно е сигурно, февруари 2009-та е месецот на The Sims3.


За сите обожаватели на култната игра The Sims повторно се враќа во нивните
животи… или обратно. Како и да е, едно е сигурно, февруари 2009-та е месецот на The Sims3.

{youtube}o6gXiw5URNM{/youtube}

Како што можете да видите и од видеото,The Sims3 е далеку поусовршена од неговата претходна верзијаThe Sims2, за која своевремено се сметаше дека е врв на достигнувањето на видео игрите. Сега ликовите не се ограничени на само една територија. Тие можат слободно да шетаат низ соседството, да одат на гости кај пријателите, да основаат свои сопствени бизниси и да користат мобилни телефони.
Градењето на куќата е доведено до совршенство. За сите оние кои што, пред се, се фокусираат на градењето и дизајнот на домовите, оваа можност за нив ќе претставува вистинско задоволство.
Што се однесува до карактеристиките на ликовите,The Sims3 нуди “застрашувачки“ опции според кои може тие да се однесуваат. Доколку во изминатите делови се нудеа само неколку карактеристики според кои што би можела да се води некоја личност, сега се располага со преку 60 (добар, лош, злобен, шеговит, харизматичен, нервозен итн). Интересен е делот, кој што е воведен оваа верзија, а тоа професиите. Па така вашите ликови можат да бидат адвокати, криминалци, новинари, политичари, доктори…

{youtube}y0xflFCCbuE{/youtube}

Има многу работи кои што Sims3 вреден да се чека. А нас ни останува само да чекаме добар торент.

- Реклама -