Саем за автомобили во Женева 2016
Во светот секоја година се одржуваат повеќе престижни саеми за автомобили, но само еден е во Женева. Кремот на автомобилската индустрија секоја година се собира во Женева, за да ги покаже своите мускули. Ланското шоу ни беа представени извонредни автомобили. Ferrari 488, турбо супер автомобил на Ferrari после огромната апстиненција од турбо мотори, прекрасниот Bentley EXP 10 Speed 6, нереалната Koenigsegg Regera, и се спомна наследникот на Veyron. Оваа
година на 86-то по ред шоу ќе имаме премиери кои ќе бидат од историска важност, за кои генерациите кои доаѓаат ќе зборуваат како што ние зборувавме за Mclaren F1.
Зошто ќе биде од историска важност? Затоа што ќе бидат прикажани идните хипер автомобили, ќе бидат поставени
нови брзински и технолошки параметри. Но, подетално, ве оставам да погледнете наредната недела. За да не го расипам моментот на исчекување и мистерија, ќе кажам само збор два.
Bugatti Chiron
Претходно пишував за Veyron и за неговиот наследник. Базата од прилика ќе биде иста, но со нови подобрени технологии и намалена маса. Се очекува и границата на максималната брзина да биде поместена над 350 км/ч, или што би се рекло по нашки да рипне у плафон, затоа што откако Hennessy Venom, практично го победи Veyron Super Sport, на луѓето од
Buggatti им светна сијаличката. Но, не само на нив.
Koenigsegg Regera ќе биде исто така одново представен во Женева. Најсофистицираниот автомобил во светот, со како што велат од таборот преку 1600 коњски сили и најновата технологија на менувач со една брзина. Пали и вози 350 на саат.
Премиера ќе има и Aston Martin DB11. Кога има премиера на модел со ознаката DB, тоа значи голема фама. Немам многу информации за DB11, но знам дека ќе биде замена за веќе застарениот DB9, а бројот 10 е веќе во функција на автомобилот со кој Бонд се појави во Spectre. Мое мислење е дека ќе има 5.7 литарски мотор со 12 цилиндри, што значи
дека ова големо спортско купе ќе има одлични перформанси и неверојатни звуци.
Кога од Ламбо ќе најават дека ќе има премиера на нов автомобил, без никаква двоумица би требало да очекуваме беспрекорен дизајн. По повод 100 роденден на Феручио Ламборџини ќе биде представен Lamborghini Centenario. И, да не размислувајте за цена, бидејќи е продаден за 400000 евра уште не прикажан.
Кога велам дека ќе се пишува историја, тоа и го мислам. Сте слушнале ли за Gumpert? Мала фабрика од Германија која пред неколку години го направи Apollo, кој се најде во десетте најбрзи автомобили на мојата листа, но и светската сцена. Овој пат, фирма од Хонг Конг го купува веќе загубарот Gumpert, и ви ветува дека ќе слушате и тоа како за нивниот Apollon, за кој тврдат дека ќе биде новиот најбрз автомобил во светот. Инаку фабриката сега се вика Apollo, по стариот автомобил кој
развиваше максимални 359 км/ч. Мама миа, замислете три претенденти за најбрз автомобил на едно место. Впрочем четири, затоа што од Koenigsegg ќе ја представат и Agera RS. Неверојатно.
Очекувањата се огромни. И покрај таинственоста на Aston Martin и Lamborghini, се знае кои автомобили ќе бидат ѕвезди уште од сега. Во споредна улога ќе ги видиме Ferrari GTC4 Lusso, Alpine vision, Bentley Mulsanne за екстремно богати, Lexus LC, Mclaren 570GT, но и еден електричен супер автомобил Rimac Consept One, кој доаѓа од Хрватска.
Се надевам дека еден ден и мојата визија за супер автомобил наречена Indigo LeMans, ќе заживее и ќе ја видиме во Женева.
Дотогаш уживајте во ова историско автомобилско шоу.
Ваш,
Брацо Моралиќ
Throttle.Brake