Throttle/Brake – епизода 12: Визијата на Gran Turismo за Bugatti Chiron Super Sport и по нешто за R36 GT-R на Nissan

Image-1

Неодамна во автомобилскиот свет беше представен Bugatti Chiron. Автомобил кој е претендент да биде крал на улиците и тркачките патеки. Познато е дека светот на супер спортските автомобили е суетен и мегаломански. Затоа, многу е логично за мегаломаните од Bugatti да работат на уште побрза, подобрена верзија на совршениот Chiron. Кога од Bugatti се прави подобрена верзија на автомобил, тој доаѓа со ознаката Super Sport.

Доколку сте запознаени со играта Gran Turismo, тогаш знаете дека одредени автомобилски производители, имаат слобода и шанса, виртуелно да ги покажат своите најлуди, но и најиновативни идеи кои во реалниот свет би можеле да бидат попречени од безброј причини. Bugatti преку Gran Turismo, ни ја покажуваат нивната замисла за наследникот на Veyron, Chiron, но по мое мислење во супер спорт варијанта. Автомобилот во играта е доста реален, за разлика на пример од SRT Tomahawk кој има 2590 коњски сили, што значи дека од Bugatti се сериозни за овој виртуелен прототип. Тие и самите имаат изјавено дека сакале да го покажат нивниот виртуелен концепт реален, и во тек со сегашните можности. “Сакавме да направиме проект што е можно по реален за нашите фанови, и да ставиме реално Bugatti во виттуелниот свет”, изјава на главниот дизајнер Френк Хејл. Од оваа изјава за мене е се јасно. На саемот во Франкфурт, виртуелниот концепт се појави како реален автомобил, но за да го видиме по улиците и тркачките патеки треба да помине извесно време. Дотогаш играјте Gran Turismo.

Image-2 Image-3

Четири видеа за Bugatti

Nissan GT-R R36 на батерии???

Image-4

Само по два месеци од кога беше представен R35 2017, од Јапонија или поточно од шефот на Nissan, Широ Накамура ни доаѓаат нови струи. Велам струи, бидејќи Накамура најави дека GT-R R36, односно идната Годзила ќе биде хибрид. Се сеќавате на муабетот од пред некое време за тоа што ќе има под хаубата на новата Годзила, од подобрена верзија на сегашниот 3.8 литарски VR38DETT, до изјавите на шефот на Nismo Мотохиро Мацамура кој рече дека агрегатот VRX 30A, V6, од пропаднатниот GT-R LM проект би требало да биде најраната сигурна опција за срце на наследникот. Јапонците се луѓе на кои треба да им се верува, така да дилемата околу моторот е решена. Но една друга работа малку ме замисли и ми донесе сомнителни мисли. Сите ги знаеме димензиите на сегашниот Годзила.

Image-5

Големо GT купе, со малку непристојна маса за супер спортски автомобил (1740 килограми), која инженерите од Nissan ја имаат компензирано со неверојатниот перманентен погон на сите четири тркала и одлично потпирање. Тоа е океј. Автомобилот е повеќе од одличен. Но наследникот ќе биде хибрид. Тогаш додадете уште минимум 200-300 килограми маса, колку што ќе тежи електромоторот со батерија/батерии. Мене тука нешто не ми се совпаѓа, и анализирајќи ги изјавите на челниците од Nissan, кои велат дека си играле со димензиите и аеродинамиката на автомобилот за да ги подобрат возните својства, заклучив дека следниот Годзила ќе биде или целосно електричен или ќе видиме еден сосема нов правец кој ќе го фатат инженерите од Nissan, правејќи целосно карбонски GT-R, и одејќи во сосема нов сегмент, како со перформансите, така и со цената. Дотогаш уживајте во благодетите на сегашниот GT-R, а ако не можете да си го дозволите, Gran Turismo и Forza се секогаш поевтина алтернатива да уживате во овој совршен автомобил.

Image-6 Image-7

braceeee11[1]

- Реклама -