Throttle/Brake – епизода 7: Од фармер до Aventador SV

Дали ја знаете приказната за тоа како настанало големото ривалство помеѓу Ferrari и Lamborghini?

Image-1

Феручио Ламборџини индустријалец кој произведувал трактори, но кој потекнува од фармерска фамилија купил Ferrari. Меѓутоа човекот не бил баш задоволен од автомобилот, па решил да се пожали. Жалбата дека квачилото на Ferrari е многу тврдо, стигнала и до големиот Енцо Ферари. При една нивна средба Енцо решил да се справи со Феручио, и со зборовите “што знае фармер за спорстки автомобили” јавно го понижил. Овој толку навреден решил да се одмазди. Наредил да се направи спорстки автомобил подобар од Ferrari. И така за период од четири месеци, на саемот за автомобили во Торино 1963 година е прикажан првиот Ламбо. Lamborghini 350 GTV.

Од тогаш, па се до ден денешен Lamborghini секогаш бил рамо до рамо со Ferrari, најголема конкуренција, а некогаш и подобар. Наравучение – колку и да сте големи, никогаш не потценувајте ништо и никого.

Но, да се вратиме на автомобилите. Поради обемноста на овој текст, нема да можам да ги анализирам сите Ламбо автомобили,но ќе се обидам да ви ги набројам.

Lamborghini 400GT 2+2
1966 – 1968, V12, 3.9L, 249 км/ч

Image-2 Image-3Lamborghini Miura
1966 – 1972, V12, 3.9L, 290 км/ч
Според многумина најдоброто Ламбо некогаш направено. Едвај чекам да ја видам реинкарнацијата на Miura.

Image-4Lamborghini Espada
1968 -1978, V12, 3.9L, 245 км/ч

Image-5Lamborghini Islero
1968 -1969, V12, 3.9L, 248 км/ч

Image-6Lamborghini Jarama
1970 -1976, V12, 3.9L, 240 км/ч

Image-7Lamborghini Urraco
1973 – 1979, V8, 2.0L, 2.5L, 3.0L, 230км/ч

Image-8Lamborghini Countach
1974 – 1990 – LP500, LP400, LP400s, LP500s, 5000QV, 25th Anniversary
V12, 4.0L, 5.0L, 5.2L, 305 -308 км/ч

Image-9Lamborghini Silhouette
1978 – 1980, V8, 3.0L, 260 км/ч

Image-10Lamborghini Jalpa
1981 – 1988, V8, 3.5L, 234 км/ч

Image-11Lamborghini LM002
1986 – 1993, V12, 5.17L, 210 км/ч

Првиот SUV на Lamborghini, и тоа со V12 мотор. Кај и да е ќе видиме нов SUV сериски автомобил.

Image-12Lamborghini Diablo
1990 – 2001, V12, 5.7L, 6.0L, 330 км/ч
Мојата прва автомобилска љубов и причина поради кој почнав да се интересирам за автомобили.

Image-13

Lamborghini Murcielago
2001 – 2010, V12, 6.2L, 6.5L, 330 – 343 км/ч

Image-14 Lamborghini Gallardo
2003 – 2011, V10, 5.0L, 5.2L, 325 км/ч

Image-15Lamborghini Reventon
2008 – 2010, V12, 6.5L, 356 км/ч

Image-16Lamborghini Aventador – LP700-4, LP720-4, LP750-4 SV
2011, V12, 6.5L, 350 км/ч

Image-17Lamborghini Sesto Elemento
2012, V10, 5.2L, 352км/ч

Image-18Lamborghini Veneno
2013, V12, 6.5L, 356 км/ч

Image-19Lamborghini Egoista
2013, V10, 5.2L, 325 км/ч

Image-20Lamborghini Huracan
2013, V10, 5.2L, 325 км/ч

Image-21Lamborghini Urus

Image-22 Image-23Концепт SUV автомобил на Ламбо кој се појави во 2013 година на саемот во Пекинг. И гласините кои кружат се дека треба да го очекуваме што поскоро да се појави на пазарот. Но, за жал лошите вести се дека моторот изгледа нема да биде V12 или V10 со природна аспирација, туку ќе биде ќе биде 4.0 литарски V8, твин турбо, за кој од Ламбо велат дека не е истиот мотор кој е всушност на Audi. Но добрите вести се дека Urus можеби ќе биде хибрид, односно ќе има додатен електро мотор. Силата би била 600 коњски сили минимум, а максималната брзина од 320 до 330 километри на час. Останува да почекаме и да видиме дали конечно Porsche Cayenne Turbo S ќе биде симнат од тронот владетел во супер СУВ класата.

И како што гласи насловот, од фармер, стигнавме и до Aventador SV. 

Image-24 Image-25

Најсилниот и најбрзиот Ламбо. Ознаката LP750-4, ни кажува дека овој хипер автомобил, има 740 коњски сили и погон на сите четири тркала. Од место до 100 км/ч забрзува за неверојатни 2,8 секунди. Како и претходниците со ознака SV или SuperVeloce, што значи супер брз, и овој Ламбо е помоќен, полесен, и со понабилдан изглед во однос на автомобилот на кој е базиран. Овој Ламбо изгледа неверојатно добро. Ако сте имале прилика да го видите во живо ќе знаете за што зборувам. Уште една неверојатна работа се звуците кои ги произведува 6.5. литарскиот V12. За овој Lamborghini, од фабриката велат дека е најемотивниот, најбрзиот и најспортски ориентираниот Ламбо некогаш произведен. Затоа не бидете изненадени за цената од околу половина милион евра, затоа што сите овие нај, нај, суперлативи чинат. SV е представен во Rosso Bia црвена, но секако за половина милион евра ќе можете да го нарачате во која било боја сакате.

Со време под седум минути на Нурбургринг, документирано, можеме да кажеме дека од фабриката имаат планови со следниот автомобил да се замешаат во борбата за самиот врв.

А, визијата за тоа како би требал да изгледа наследникот на Aventador ни беше претставена во Женева преку лимитираниот модел Centenario.

Image-26 Image-27 По повод 100 годишнината на Феручио Ламборџини, од Ламбо ни доаѓа најмоќниот автомобил некогаш направен… Но и најскапиот. Базиран на Aventador, со V12 природно аспириран, 770 коњски сили, 1590 килограми и шасија направена од карбон. Аеродинамиката е фантастична, што значи уште подобри возни својства од Aventador SV. Погон на сите четири тркала, што значи дека и наследникот на Aventador ќе има ист погон. До стотка ќе оди за 2,8 секунди, до 300 за 23,5 секунди и максимална брзина од над 350 километри на час. Само 40 автомобили ќе бидат произведени, од кои 20 ќе бидат роадстер, со цена од 1,9 милион евра. Преубав автомобил, но да се разбереме, за многу помалку пари ќе возите Aventador SV, кој на крајот на денот има скоро исти перформанси.

braceeee11[1]

- Реклама -