Знаете ли кои беа најдобрите и најбрзите автомобили кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, се до појавувањето на McLaren F1? Ferrari F40, Porsche 959 и Jaguar XJ220. Што ако ви кажам дека еден Peugeot автомобил своевремено бил многу повеќе од овие три автомобили!? Продолжете да читате, се враќаме 30 години во минатото за да разјасниме некои работи.
Сте слушнале ли за Peugeot Oxia? За тие што незнаат, Oxia е регион на Марс, каде демек треба да слетуваат сондите испратени од кај нас. Како и да е, во осумдесеттите ваквите sci-fi имиња биле многу популарни.
Peugeot и авто спортот од секогаш биле рамо до рамо. Лен Ман, рели и Пајкс Пик (Pikes Peak) се нивните омилени дисциплини. Во средината на осудесеттите, понесени од успесите на P88 на Ле Ман (најголемата максимална брзина во историјата на истоимената патека, 405 километри на час), 205 Evolution во светскиот рели шампионат и 405 со Ари Ватанен на Пајкс Пик, французите решаваат да направат супер автомобил кој ќе има ДНА од нивните три најдобри тркачки автомобили. Од каде да почнам…
Во 1988-та на саемот за автомобили во Париз, Peugeot го претставуваат концепт автомобилот Oxia. Супер автомобил, со мотор поставен во средината и погон/вртење на сите четири тркала. Да ве потсетам, системот со кој ротираат сите четири тркала (и задните под одреден агол) е главна фора кај денешниве супер спортски автомобили. Моторот бил 2.8 литарски, V6 битурбо, со 670 коњски сили и 720 Nm влечна сила. Истиот мотор но со 900 коњски сили го забрзува легендарниот Peugeot P88. Точни се бројкиве, продолжете да читате.
Технологијата која е користена при создавањето на Oxia од денешен аспект е супер хајтек, а замислете како се чувствувале Porsche и Ferrari кога ќе помислеле на своите миленици 959 и F40 во осумдесеттите. Шасијата на Oxia била излиена со мешавина од карбон и алуминиум, а панелите биле моделирани од карбонски влакна. Автомобилот тежел само 1360 килограми, до стотка забрзувал за помалку од 4 секунди, а во рацете на тест возачот на Мишелин Жан Филип Витекок на овалната патека Нардо достигнува максимална брзина од 350 километри на час. Во 1988 година?! Големите Ferrari F40 и Porsche 959 достигнувале само 323 односно 317 километри на час. На истата патека, четири години подоцна (1992) најбрзиот сериски автомобил во светот Jaguar XJ220 достигнува максимална брзина од “само” 341.7 километри на час. Во 1994 година Bugatti EB110 GT достигнува максимална брзина од 343 километри на час. И конечно во 1998 година, McLaren F1 достигнува неверојатни 391 километри на час. Но, што ако Oxia почнеше да се произведува како сериски автомобил?
Идејните татковци на Peugeot Oxia:
Интересен е податокот дека два примероци на Oxia биле ставени на продажба за 8.000000 франци (околу милион евра). Уште поинтересно е дека никој не ги купил, зошто биле мистериозно повлечени од продажба. Зошто французите не продолжиле со сериско производство на Oxia? Замислете каков би бил развојот на настаните за францускиот производител ако животот на Oxia бил продолжен? Илјада зошто, нула затоа!?
Со Брацо Моралиќ.
Сакаш уште? КЛИКНИ.