Тим Кук најави нов производ за следната недела

Тим Кук најави нов производ за следната недела

Тим Кук,извршниот директор на Apple,неодамна најави претставување на нов производ следната недела. Оваа вест доаѓа откако Марк Гурман, еден од најдоверливите извори за вести поврзани со Apple, претходно сугерираше дека компанијата наскоро ќе ја претстави четвртата генерација од поевтиниот iPhone SE. Иако ваквата најава не се реализираше оваа недела, се чини дека Apple сепак подготвува нешто значајно за своите корисници.

Оваа најава е невообичаена за Apple, компанија која вообичаено држи до строга тајност додека не биде подготвена за официјално претставување. Сепак, ваквиот потег од Кук може да укаже на тоа дека претстојниот производ е нешто што компанијата го смета за клучно во својата понуда.

Според најновите шпекуалции, се верува дека Apple би можел да претстави ажурирани верзии на некои од своите постоечки уреди, а некои извори дури наведуваат можност за нов модел на iPad или нова генерација на AirPods. Воедно, се зборува дека компанијата се подготвува за можни промени во својата AI стратегија, што би можело да биде дел од ова претставување.

Сè уште нема официјални детали за тоа што точно ќе биде претставено, но се очекува Apple наскоро да ја испрати поканата за настанот кој би можел да привлече многу внимание од технолошкиот свет.