Најголемата ИТ компанија во земјава, Seavus традиционално учествуваше и на овогодинешниот маратон со убедливо најголем тим од 72 вработени.На 5 километарската трка на Скопскиот маратон особено доминираа зелените маици кои ги носеа вработените на Seavus, покрај овие компанијата имаше и свои учесници на полумаратонот.
Овој тим од 72 вработени во изминатите два месеци интензивно преку тренинзи се подготвуваше за претставување на маратонoт, а напорните подготовки очигледно дадоа плод со оглед на фактот дека младиот Кристиан Ефремов, Junior Developer vo Телеком дивизијата на Seavus го освои и седмото место на 5 километарската трка.
Кај тимските резултати на 5 км, Seavus во категоријата мажи го освои 9-то место, а во категоријата жени 19-то.
Seavus важи за компанија која го негува квалитетниот и здрав начин на живот, а тоа го покажува како со традиционалното учество на Скопскиот маратон така и со бројни активности кои постојано се организираат. Од минатата недела, во рамки на компанијата функционира и опремен спортски центар достапен за сите вработени во секое време.