Тинејџер (16) собори светскиот рекорд: Тој има најдолго стапало, а неговите чевлите чинат 1800 €

Ларс има многу проблеми со купување нови чевли затоа што носи број 57.

Ларс Мока (16) влезе во Гинисовата книга на рекорди како момче со најдолго стапало меѓу сите машки тинејџери во светот.

Овој тинејџер има многу проблеми кога мора да купи нови чевли, затоа што носи број 57, а поради должината на стопалата го собори светскиот рекорд.
Тој доби потврда од Гинисовата книга на рекорди дека има најдолго стапало меѓу сите машки тинејџери во светот.

Нозете му се долги околу 35 сантиметри.

„Повеќето чевли треба да бидат изработени по нарачка, чија цена е околу 1.200 евра по пар“, рече неговата мајка.

Чевлите кои што ги носи кога оди на обука за столар, чинат дури 1800 евра.

Веќе на раѓање, Ларс го изненадил болничкиот персонал,  кога му ги измериле стопалата во должина тие биле 9,5 сантиметри, рекоа неговите родители.

- Реклама -