Типови колеги што се лоши по здравјето

Ако не работите сами, ги познавате. И патите од нив. Или ги мразите, во тајност. Или сте еден од нив.

 

Негативци

Секако, на секого може да му се случи лош ден, но ретко се случува на некого секој ден да му е катастрофален. Освен на ваквиот колега, се разбира. Секогаш драматизираат, кукаат, приговараат, нервозни се и се инстант метод за зголемување на притисокот.

А не сте сами. И останатите ваши колеги страдаат од негативната енергија. Затоа, неутрализирајте ги таквите со мала насмевка или со добра доза на игнорирање.

78329195

Галамџии

Се однесуваат како да се сами на светот. Се смејат и викаат на сиот глас и немаат никакво разбирање за луѓето кои со нив ја делат работната околина. Доказ дека имате ваков колега е моментот кога легнувате да спиете и ви се причинува дека го слушате неговиот глас во соседната просторија.

Замолете ги да се стишат, а тоа направете го љубезно. Оправдајте се дека имате проблем со концентрацијата и задолжително заблагодарете се на разбирањето. Дури и да не го мислите тоа, се во име на мирот и тишината.

Трачари

Се прашувате како наоѓа доволно време да си ја сработи работата, покрај толку многу оговарање. А ви се чини дека целиот ден го поминува шетајќи низ канцеларијата и собирајќи и пренесувајќи трачеви.

Избегнувајте ги, а кога е невозможно, не споделувајте мислења за другите колеги. Гледајте си ја работата и оставете ги муабетите на некој друг.

CFD6AFD4F23AA8C9285996501E41_h498_w598_m2[1]

Гребатори

Не можете некому да му замерите ако нема. Но, овој колега е постојано шворц, дури и кога не е. Секогаш позајмува пари, ви ја јаде храната, бара секакви услуги, а за возврат најмногу ќе добиете некое ретко и плитко фала.

Сеедно, постои граница помеѓу добрината и наивноста. Не бидете нечовек и помогнете кога треба, но не дозволувајте да ве злоупотребуваат.

 

Знаете се за него

Колеги сте некое време, а веќе од прв ден знаете се за неговиот љубовен живот, сексот, децата, семејството, проблемите со хемороидите или месечниот циклус.

Наоружајте се со изговори. Речете дека морате до тоалетот или дека морате нешто да довршите. Што и да треба за да ги избегнете овие несакани информации.

- Реклама -