Тобоган наместо скали

куќаКачувањето и симнувањето по скали брзо станува здодевно… Затоа тим јапонски архитекти создале куќа која има тобогани наместо скали. Level architects велат дека од нив било побарано да дизајнираат семеен дом кој за децата би создал уникатни спомени кои ќе траат вечно.

куќаОткако размислиле за предизвикот, тие решиле да вградат елемент од играта во оние делови од куќата кои би имале само функционалност, скалите. Резултатот е оваа трикатна семејна куќа во Накамегуро, Токио, која има скали на едната страна и тобоган на другата. Претставник на Level architects рекол дека не сакале тобоганите да бидат само место каде што децата ќе си играат, туку и дел од секојдневните рутини на возрасните. „Кога ја посетивме куќата еден месец по завршувањето, тобоганите беа дел од секојдневната рутина. Начинот на кој семејството ги користи веќе ги надмина нашите очекувања.“
куќакуќакуќакуќа

- Реклама -