Тодор Гечевски, Андријана Будимир и други звучни имиња ќе бидат дел од тимот на Наумче Мојсоски во СДСМ

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, кој од неодамна влезе во политичките води како претседател на Комисијата за спорт во СДСМ, деновиве го комплетира својот тим, објави „24ракомет.мк“ по направеното интервју, кое во целост ќе биде објавено деновиве.

Во интервјуто Мојсоски открива дел од членовите на тимот, меѓу кои изобилуваат звучни имиња од светот на македонскиот спорт. Од ракометните редови, во Комисијата ќе бидат вклучени и поранешните репрезентативци Гоце Макалоски и Владо Неданоски, како и поранешната ракометарка на Кометал ЃП – Андријана Будимир. Од редовите на кошарката, во комисијата ќе бидат Тодор Гечески и Едина Муса, а од фудбалот соработници на Мојсоски ќе бидат Игор Митревски и Никола Ѓошевски. Во Комисијата ќе бидат вклучени и атлетичарката Дрита Ислами и каратистот Емил Павлов.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

Како што објаснува Мојсоски, планот е да има два дела на комисијата, односно две комисии. Едната ќе биде повеќе политички ориентирана и ќе има задача да го протурка спроведувањето на програмите во погорните политички ешалони. Другата ќе биде поориентирана кон спортските терени, буквално и фигуративно, и ќе работи на тоа да се утврдат недостатоците во секој од спортовите, вели Мојсоски.

- Реклама -