25 години никој не може да го симне овој британски музичар од листата на најбогати во Велика Британија.
Поранешниот член на Битлси, Пол Макартни, е најбогатиот музичар во Велика Британија веќе четврт век, пишува „Сандеј Тајмс“.
Богатството на Макартни е проценето на 680 милиони фунти, но само неговата сопруга Ненси Шивел е „тешка“ 150 милиони. Тој е на врвот на најбогатите музичари откако постои листата односно од 1989 година кога Макартни вредеше „само“ 80 милиони фунти.
На второ место се наоѓа композиторот Ендру Лојд Вебер чие богатство се проценува на 620 милиони фунти, а на трето се членовите на бендот U2 со 520 милиони фунти.
На листата на најбогати музичари под 30 години првото место го зазеде Адел, чие богатство моментно изнесува 30 милиони фунти.
Комплетната листа на најбогати музичари во Велика Британија ќе биде објавена на 21 април.