Тој изгуби 14 килограми за месец и пол, а таа 7 – Погледнете го нивното мени

Бергузар Корел и Халит Ергенч првпат се појавија заедно пред камерите во 2016 година во серијата „Ти си мојата татковина“. Пред почетокот на снимањето, двајцата не беа во најдобра физичка форма, па покрај учењето на текстот, бараа и соодветна диета.

Халит ја доби улогата на војник во заробеништво за време на балканските војни. За да ја претстави оваа мачена улога, мораше да се ослободи од вишокот килограми, што не беше лесно.

Како што потоа открија, Бергузар го изработи планот за исхрана и резултатите беа изненадувачки добри – по месец и половина Халит ослабе 14 килограми, додека Бергузар изгуби 7.

– Јадам суров зеленчук и делумно приготвено месо. Ги исфрлив шеќерот, глутенот и млечните производи. Во принцип, бев на сурова храна – изјави Халит.

За време на долготрајното снимање, актерот најчесто се хранеше со ѓумбир, зелени јаболка, моркови, цвекло, спанаќ, целер, тиква и салата од киноа. Во однос на пијалоците, неговиот избор беше лимонада или напиток од житарки.

Познатиот турски пар не се откажа ни од слатките, но внимателно ги избираа. Најчесто, тоа бил десерт составен од нане, портокал, какао и урми.